Синот на Мадона облече црвен фустан и гордо прошета со неговата мајка: „Кој би рекол дека ќе станеш ваква сила на природата?“

Супермен

30/05/2022

17:10

16.097

Големина на фонт

а а а

Дејвид Банда го покажал својот едноставен моден стил, појавувајќи се со својата мајка Мадона на еден боксерски натпревар.

Момчето за оваа прилика облекло црвен фустан од колекцијата на модната соработка на брендовите „Адидас“ и „Гучи“.

Тесниот, црвен фустан со рамен крој и со шлиц од страните буквално бил „залепен“ за телото на Дејвид, додека тој гордо чекорел покрај својата мајка.


Претходно годинава, Мадона со емотивна порака му го честиташе роденденот на својот син:

„Дејвид Банда! Не можам да верувам дека израсна во такво момче! Во уметник. Во спортист. Во харизматичен човек. Кога те видов во сиропатилиштето во Куќата на надежта во Малави, не можев да претпоставам дека ќе станеш ваква сила на природата! Среќен шеснаесетти роденден!“.


Инаку, Мадона има вкупно шест деца: деветгодишните посвоени близначки Стела и Естер, како и шеснаесетгодишните Мерси и Дејвид, ќерката Лурд (25) која ја доби со поранешниот сопруг Карлос Леон и синот Роко (21) од бракот со поранешниот сопруг Гај Ричи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk