Поради фаталната Колумбијка ја напуштил сопругата и трите деца: Фудбалерот „уловен“ како ужива со својата нова избраничка

Супермен

01/06/2022

23:20

17.742

Големина на фонт

а а а

Крајот на сезоната дојде, па многу од фудбалерите веќе започнаа да ги користат своите годишни одмори поради тоа што новата натпреварувачка година ќе започне порано како последица на светското првенство во Катар, а многу од нив избрале егзотични дестинации.

Меѓу нив е и чилеанскиот фудбалер Артуро Видал кој летува на Форментера и тоа во друштво на својата девојка – фитнес моделот од Колумбија, Соња Исаз.

И покрај тоа што на малиот остров изнајмиле јахта сепак папарацо фотографите ги пронашле и ги забележале некои од нивните заеднички моменти.


Парот се сончал, капел, сурфале, пиеле коктели, но исто така и разменувале нежности.

Познато е дека згодната Колумбијка е голем фан на теретаната од која едноставно не излегува, така што таа со гордост го покажува своето тело, иако не знаела дека позира пред фотографите.


Фудбалерот каде и да оди да игра наредната сезона, сигурно со себе ќе го понесе и својот автомобил од 500 евра, а кој ѝ се допаднал и на Соња. Тој по својата избраничка дошол со скромна „Fiat Panda“.

Инаку, Видал е познат по бурниот начин на живот и проблематичното однесување, а како што се пишуваше очигледно тој со Соња ја изневерил својата поранешна сопруга Марија Тереза Матус, со која има три деца. Тие биле во брак четири години.


Новата девојка на фудбалерот исто така е мајка и има две деца.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk