(Видео) Шведска компанија нуди растителна плескавица, но – имаат вкус на месо, од кој на многумина ќе им се преврти желудникот

Супермен

07/07/2022

11:20

9.325

Големина на фонт

а а а

Една шведска компанија се обидела да направи вистинска веге-плескавица која ќе има вкус на месо.

Факт е дека тие успеале во нивната намера. Нивната растителна плескавица има вкус на месо, но дефинитивно не на она месо чиј вкус вие сакате да го почувствувате.

Вообичаено кога ќе помислиме на плескавица, очекуваме вкус на говедско месо или пак свинско месо. И, речиси и да нема личност којашто може да му одолее на ова јадење.


Сепак, доколку ја пробувате плескавицата која ја направила оваа компанија, желудникот ќе ви се преврти неколку пати – сигурно, а вие не би го јаделе популарното јадење наредните неколку месеци.

Имено, тие подготвиле растителна плескавица со вкус на човечко месо.

„Ја развивме оваа плескавица за кратко време, штом дознавме каков вкус и текстура бараме. Меѓутоа, пред умот да почне да ви лута, дозволете ни да ви го насочиме вниманието на овој краток слоган во видеото којшто вели: „затоа што инаку би било морничаво“, објавила компанијата.

Имено, тие минатата година во состав со сезоната Ноќта на вештерките сакале да подготват нешто морничаво, што ќе им покаже на луѓето дека е можно да се направи растително месо кое ќе има вкус како она „вистинското“, од било кој вид и да е, па дури и човечки.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk