(Фото) Ужива на јахта во Грција: Илон Маск не се грижи за обвиненијата кои Твитер ги поднесе против него

Супермен

18/07/2022

20:57

16.056

Големина на фонт

а а а

Илон Маск, извршен директор на Tesla и Space X, вчера бил фотографиран како се забавува со пријателите на јахта насукана на брегот на Миконос, Грција.

Ова доаѓа откако Маск во петокот објави дека се повлекува од предложеното купување на Твитер за 44 милијарди долари. Тој тврдеше дека Твитер не дал информации за бројот на лажни и спам сметки на платформата. Сега Твитер побара од судот во Делавер да му нареди на најбогатиот човек на светот да го заврши спојувањето со договорените 54,20 долари по акција на Твитер.


„Откако организираше јавен спектакл за да го стави Твитер во игра, и откако предложи, а потоа потпиша договор за спојување погодна за продавачот, Маск јасно верува дека тој за разлика од која било друга страна што е предмет на законот за договори во Делавер - може слободно да се премисли, да ја уништи компанијата, да го наруши нејзиното работење, да ја уништи акционерската вредност и да си оди“, се наведува во тужбата, пишува „Гардијан“.


Маск поднесе жалба во апелација во петокот, спротивставувајќи се на претходно споменатото барање на Твитер.

„Ненадејното барање на Твитер по два месеци „продавање магла“ е најновата тактика за доволно долго да се сокрие вистината за спам профилите“, рече меѓу другото Маск.


Иако сега води правна битка, изгледа дека не е премногу загрижен. Тој нашол време за летен одмор на грчкиот остров кој многумина го сметаат за туристички скапоцен камен на земјата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk