Пејачот кој имал соба за силување, ја злоставувал и сопствената мајка: Одвратни детали за славниот музичар кои го згрозија светот

Супермен

20/07/2022

18:57

17.682

Големина на фонт

а а а

Деталите од животот на контроверзниот музичар Мерлин Менсон не престануваат да ја шокираат јавноста.

Имено, неговиот пријател од детството еднаш изнесе тврдења дека пејачот ја злоставувал неговата мајка.

Магазинот „Rolling Stone“ неодамна објави долг напис со бројни сведоштва од жртвите на Менсон.

Некои од интервјуираните жени изјавиле дека музичарот имал посебна просторија во неговиот дом која се користела за злоставување, а тој ја нарекол „соба за лоши девојки“.

Пејачката Фиби Бриџерс во февруари минатата година напиша Твит дека како тинејџерка и „голем фан на Менсон“ престојувала во неговата куќа каде што една од собите ја нарекол „соба за силување“. Како што изјавила, тоа не го сфатила сериозно, но „шегата“ не ѝ се допаднала.

Во мај 2021 година, Ешли Морган Смитлајн, една од десетината жени кои го обвинија Менсон за злоупотреба, изјавила за списанието People дека ја заклучил во соба кога таа го налутила.

Покрај овие жени, дополнителни морници влеваат и сведочењето на Тим Вон, пријателот од детството на Менсон. Тој за споменатиот магазин изјавил дека пејачот уште како дете имал неприродна врска со мајка си. Тој навел дека Мерилин ја злоставувал неговата мајка бркајќи ја низ куќата и викајќи по неа.


„Ја бркаше со држач за микрофон. Го прашав зошто го прави тоа, а тој рече: „Кучката секогаш упаѓа во погрешно време“.

Иако секојдневно излегуваат нови детали за одвратното однесување на контроверзниот музичар, се чини дека тој сепак успева да го задржи имиџот на голема ѕвезда во јавноста. Во прилог на тоа оди и фактот што тој се појави на настапот на Канје Вест на кој тој, ни помалку ни повеќе, се моли со раперот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk