Роби Вилијамс за опаѓањето на косата: „Плаќав третмани кои чинеа колку куќата на мојата баба“

Супермен

04/08/2022

16:52

6.407

Големина на фонт

а а а

По повеќе неуспешни третмани за раст на коса, англискиот пејач Роби Вилијамс открил дека планира да се помири со состојбата со која се соочуваат повеќето мажи во средно доба.

Ќелавоста кај мажите вообичаено се лекува со финастерид и миноксидил, додека некои од опциите вклучуваат и трансплантација, стероиди и имунотерапија.

И самиот Роби, кој веќе со години се бори со опаѓање на косата, испробал разни третмани, а тука е и трансплантацијата на коса на која се подложил во 2013 година. Седум години подоцна, сакал повторно да го направи тоа, но докторите му кажале дека неговата коса е преретка за повторување на тој процес. Сега, се чини дека се помирил со фактот.

„Никој не сака да ми направи пресадување на косата бидејќи велат дека е преретка. Не можам да пијам никакви таблети бидејќи ме депримираат. Едноставно ќе морам да го прифатам Роби Вилијамс кој ја губи косата“, изјавил пејачот.

Претходно Вилијамс се пошегувал на сметка на својата глава дека „свети како бебешки задник“, а се обидувал и со неверојатно скапи инјекции наменети за поттикнување на растот на косата, што исто така било безуспешно.


„Две шишиња од тие инјекции чинеа вистинско богатство. Цената им беше иста како куќата на мојата баба“, вели Роби. Имено, таквиот третман требало да делува по 5 месеци од користењето, но пејачот не забележал никакви резултати.

Вилијамс опишал и како изгледа излегувањето пред публиката со овој проблем.

„Кога сум на сцена и зад мене има огромен екран на кој е насочено вниманието и се обидувам да бидам секси, јас погледнувам зад себе и гледам тип со двојна брада и без коса“, рекол Роби.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk