(Фото) Фаталната Русинка го остави славниот актер, па го покажа нереалното тело: Ирина Шајк мами воздишки во Шпанија

Супермен

05/08/2022

14:24

9.714

Големина на фонт

а а а

Руската манекенка и поранешна девојка на Бредли Купер, со која ја доби ќерката Леа, овие денови одмора во Шпанија.

Манекенката, заедно со пријателката Стела Максвел е фотографирана во повеќе наврати во последните денови. Во средата беа објавени фотографии од јахта на Ибица.


Ирина и Стела поминуваат „обичен“ летен одмор и секој момент го користат за пливање и одморање. Ирина, која очигледно многу води сметка за исхраната и вежбањето – изгледа неверојатно.

Во последните три дена е фотографирана во две различни бикини и секое ѝ стои совршено.

Од едноставно неонско-жолто до црно-бело бикини со необичен принт, кој се меша со беж нијанси.

Манекенката иако не сака претерано да дава изјави за медиумите, неодамна искоментира колку нејзиното растење се разликувало од животот на нејзината ќерка.


„Леа има многу играчки. Јас имав само една која и понатаму ја чувам, кукла со големи, сини очи, а баба ми ѝ правеше облека. На ќерка ми секогаш ѝ напоменувам дека имав само една кукла, а дека слатки добивав само за Божиќ“, вели Ирина, која со Бредли се раздели во 2020 година, но и понатаму често одат на семејни прошетки со ќерката. Ирина по раскинувањето започна врска со Каније Вест, но таа романса по кратко време била прекината.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk