(Видео) Проблеми со паркирање и Мерцедес кој „бега“: Оваа девојка немала многу среќа со својот автомобил

Супермен

11/08/2022

20:34

6.710

Големина на фонт

а а а

На социјалните мрежи кружи видео кое наводно настанало во Кина, на кое се гледа како една девојка „мака мачи“ со својот Мерцедес.

Несреќната девојка најпрвин се обидела да излезе од дворот и тука веќе имала сериозни проблеми. Иако капијата била и повеќе од доволно широка за автомобилот, таа од некоја причина се прилепила до десната страна на ѕидот до кој била поставена и некаква машина, и никако не можела да помине.

Наместо да ги исправи тркалата и да продолжи со паркирањето, девојката излегла од возилото и се обидувала да ја помести машината за да си го олесни паркирањето.


Но, бидејќи тоа не ѝ успевало, таа се враќала и излегувала неколку пати од возилото.

Во еден момент успеала да го ослободи тркалото кое се заглавило, но потоа следела нова драма – Мерцедесот започнал да „бега“ од неа.

Како сето тоа изгледало, погледнете од видеото во продолжение:


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk