Сајбер експертите предупредуваат: На овие 6 места не треба да ги полните мобилните телефони

Супермен

15/08/2022

19:38

5.845

Големина на фонт

а а а

На сите ни се случува да заборавиме да го наполниме нашиот телефон, а тоа може да претставува проблем кога сме далеку од дома.

За среќа, има сè повеќе јавни места кои ќе ни го решат проблемот и ќе ни дозволат бесплатно да го наполниме нашиот мобилен телефон.

Сепак, иако јавните станици за полнење на телефонот можат да изгледаат како добредојдено решение, нивното користење може да ни создаде огромни проблеми. Зошто?

„Таа станица за полнење телефони и УСБ портови можат лесно да се модифицираат, а на криминалците им се овозможува пристап до нашите телефони, вклучувајќи и инсталирање малициозни софтвери на нашите уреди“, вели Џејмс Гопел, професор по сајбер безбедност на Универзитетот Дрексел.


Еве кои места се најопасни за полнење на телефоните:

- Аеродроми
- Железнички/автобуски станици
- Туристички атракции
- Трговски центри
- Хотели
- Кафулиња

Овие локации имаат голема посетеност, а криминалците ги обожаваат поради тоа што можат да допрат до огромен број жртви. 

Најсигурен метод е безжичното полнење. Размената на податоци меѓу телефоните и безжичниот полнач е „ракување“ каде уредот му вели на полначот дека може да почне да полни. Секако, потребно е вашиот паметен телефон да поседува можност за безжично полнење.


Останатите два вида полнења кои може да ги најдете на јавните места се УСБ порт во којшто ќе го приклучите својот кабел, односно веќе постоечки УСБ кабел на којшто ќе го приклучите својот телефон.

Токму за ваквите видови полнења нè предупредуваат експертите од сајбер безбедноста. Портовите и каблите се честа мета на криминалците, а низ нив доаѓаат до своите жртви. Генералната препорака е да ги избегнувате, но доколку веќе мора да ги користите, тоа нека не биде на наведените места.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk