„Toyota“, најголемиот светски произведувач на автомобили, во Јапонија ќе го гради првиот „паметен град“ на светот.
„Woven City“ кој се наоѓа во близина на подножјето на планината Фуџи, ќе се протега на 175 хектари и ќе биде целосно автономна заедница дизајнирана да тестира нови технологии како автоматско возење, роботика и вештачка интелигенција (AI) во реалниот свет.
Прототипот на „градот на иднината“ ќе биде изграден од темел на место на некогашната фабрика „Higashi-Fuji“ која својата децениска историја на произведување автомобили ја донела до крајот во декември 2020 година.
Идејата на „Woven City“ е сите луѓе, згради и возила да можат да комуницираат едни со други по пат на податоци во реален момент и други вградени сензори.
Japan is building a futuristic smart city. AI, self-driving cars, robotics, solar power pic.twitter.com/sxjiT9Ngik
— Vala Afshar (@ValaAfshar) August 18, 2022
Оваа поврзаност ќе ѝ овозможи на „Toyota“ да тестира како напредната технологија работи во реалниот свет, со минимален ризик.
Целосно поврзаниот екосистем на градот ќе го напојуваат чисти извори на енергија како соларни енергии и геотермална енергија.
„Woven City“ ќе има три типови улици: една ќе биде наменета за пешаците, една за лица со лични возила и една за автоматизирано возење.