Светот со неверување гледа во неговата трансформација! Синот на Арнолд Шварценегер драстично ослабел – изгледот го довел до совршенство

Супермен

21/09/2022

10:18

14.439

Големина на фонт

а а а

Синот на Арнолд Шварценегер, 24-годишниот Кристофер изминатава година следи строг режим на вежбање и исхрана, а сега ги покажа резултатите од напорните тренинзи и строгите диети.

Кристофер се појавил на роденденската забава на својот брат, а со својот изглед ги шокирал гостите.

Во сива маица, сини фармерки и патики, Кристофер изгледал одлично, а некои не можеле на прв поглед да го препознаат, со оглед на тоа дека последните години се бори со вишокот килограми.

„Тој си постави цел да живее поздраво и се држеше до неа. Почна да вежба и да прави подобар избор на храна. Пред тоа живееше како типичен студент неколку години, но сега расте и е подготвен да се грижи за себе. Не беше на строга диета, ослабе на старомоден начин со намалување на нездравата храна и вежбање“, открил извор во интервју за „HollywoodLife“.


Кристофер сега повеќе од кога било наликува на својот славен татко, кој изгради кариера благодарение на своето извајано тело, а долготрајната борба со вишокот килограми сигурно му била тешка поради неговите браќа и сестри кои се во топ форма, па често се криеше од јавноста.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk