Новото истражување многумина ќе разочара: Што навистина мислат жените за ќелавите мажи?

Супермен

23/09/2022

14:25

6.496

Големина на фонт

а а а

Многу мажи стравуваат од губењето коса, а новата студија открива дека нивната загриженост можеби не е целосно неоснована.

Новото истражување објавено во магазинот „Evolutionary Psychological Science“ открива дека мажите без коса им се помалку привлечни на жените.

Во студијата учествувале 120 жени кои ја оценувале привлечноста на мажите со коса и оние без неа.


Помалку успешна кариера, незадоволство од животот и генерално лоша слика за себе - сето тоа се карактеристики што жените им ги припишуваат на мажите без коса.

„Малку е загрижувачки како мажите се перципирани кога ќе ја загубат косата“, рекла професорката Меријен Фишер, коавтор на студијата од Универзитетот Сент Мери во Халифакс, Канада.


Според неа, ќелавоста влијае на целокупниот впечаток на луѓето, од нивниот успех во кариерата, до нивната привлечност и карактеристики.

„Тоа што немаат коса не значи дека се помалку успешни или вредни за почит“, заклучила професорката Фишер за „Metro“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk