Бидете внимателни доколку користите „Google Chrome“: Тој е најранливиот пребарувач, а еве кој е најбезбеден

Супермен

06/10/2022

14:33

6.559

Големина на фонт

а а а

Според новиот извештај на „Atlas VPN“, „Google Chrome“ е најранливиот пребарувач на пазарот. Досега, до 2022 година, пребарувачот имал 303 ранливости, вкупно 3.159 од неговото лансирање.

Овие бројки се засновани на податоците од базата на податоци за ранливоста на „VulDB“, која го покрива периодот од 1-ви јануари 2022 до 5-ти октомври 2022 година.

„Google Chrome“ е единствениот пребарувач со нови ранливости во 5 дена во октомври. Неодамнешните ги вклучуваат „CVE-2022-3318“, „CVE-2022-3314“, „CVE-2022-3311“, „CVE-2022-3309“ и „CVE-2022-3307“.

Програмата „CVE“ ги следи безбедносните пропусти и ранливости на повеќе платформи. Базата на податоци се уште не наведува детали за ваквите ранливости, но „Atlas VPN“ вели дека можат да доведат до оштетувања на меморијата на компјутерите.


Корисниците можат да го поправат ова со ажурирање на верзијата 106.0.5249.61 на „Google Chrome“.

Пребарувачот „Moziila Firefox“ е на второ место, со 117 ранливости. „Microsoft Edge“ имал 103 ранливости до 5-ти октомври, 61 отсто повеќе отколку во цела 2021 година. Севкупно, имал 806 ранливости од неговото објавување.

Следен на листата е „Safari“ кој има едно од најниските нивоа на ранливости. На пример, во првите 3 квартали во 2022 година, имал 26 ранливости, вкупно 1.139 од неговото објавување.


Од друга страна, „Opera“ досега нема документирано ранливости во 2022 година и само вкупно 344 ранливости откако постои.

„Google Chrome“, „Microsoft Edge“ и „Opera“ се базираат на пребарувачот „Chromium“, а неговата ранливост може да влијае на сите три пребарувачи.

За да останете безбедни на интернет, треба да водите грижа вашите пребарувачи секогаш да се ажурирани со најновата верзија. Исто така, бидете внимателни при преземање екстензии, особено од помалку познати извори или програмери.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk