Угостителски објект наплаќа услуги во зависност од пристојноста на гостите: Без „благодарам“ и „ве молам“ – дупло поскапо

Супермен

25/10/2022

19:37

4.585

Големина на фонт

а а а

Сите ние имаме денови кога стануваме на „лева нога“ и „го мразиме“ цел свет.

Меѓутоа, тоа не е оправдување да заборавиме да бидеме љубезни кон другите. Сопственик на едно кафуле во Велика Британија одлучил на посебен начин да ги награди своите пристојни гости.

Некои од луѓето случајно или пак поради тоа што штотуку се разбудиле забораваат да го кажат зборот „ве молам“, додека нарачуваат храна или кафе. Но, сопственикот на еден угостителски објект потсетил зошто не треба да го прават тоа.

Усман Хусаин претходно годинава отворил кафуле, поточно чајџилница во Престон која освен чај, нуди и крофни за појадок, а посетителите веднаш на влезот ги чека посебен ценовник.

Имено, политиката на кафулето се води според тоа дека чајот би можел да ве чини 1.90 фунти доколку сте пристојни, а 5 фунти доколку не сте.

Најевтината цена вреди доколку купувачот каже: „Здраво Desi Chai ве молам“, додека пак најскапата цена важи доколку купувачот каже „Desi Chai“.

Исто така има и златна средина што значи дека за „Desi Chai ве молам“, без поздрав , ќе платите 3 фунти.

Хусаин, чија чајџилница е поттикната од Индија, се надева дека методот ќе поттикне само добри вибрации во неговиот објект. Како што рекол досега не наишол на никој некултурен, но ова служи како потсетник на убаво однесување.

„Мислам дека тоа е убав потсетник убаво да се однесуваме затоа што за жал некогаш тоа е потребно. Откако го има овој знак, луѓето дефинитивно доаѓаат поотворени и понасмеани“, открил тој.

„Најважната работа во мојата работа е кога ќе влезат низ оваа врата луѓето да се чувствуваат убаво, како да се дома“, порачал Хусаин.

Овој 29-годишник открил дека идејата ја презел од некое американско кафуле пред неколку години. Исто така кажал и дека тој секогаш ги предупредува купувачите на правилото на кафулето.

„Доколку купувачите не ги користат своите манири, јас им покажувам на знакот, а потоа тие веднаш стануваат пристојни. Многу до луѓето знаат да бидат непристојни наутро, но кога ќе го видат натписот тоа ги тера на размислување. Никогаш не знаеш низ што некој поминува и зошто е непристоен, но ова ги тера да го спуштат гардот“, објаснил тој.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk