Милијардерот Џеф Безос го тужи една од неговите поранешни куќни помошнички, Мерцедес Веда, која 3 години работела за основачот на „Amazon“.
Таа го обвинува Безос за расна дискриминација, како и нехумани и небезбедни работни услови.
Во тужбата која е поднесена пред Врховниот суд во државата Вашингтон, Веда наведува дека понекогаш морала да работи од 10 до 14 часа дневно без пауза, истовремено надгледувајќи 5-6 други куќни помошнички.
На куќните помошнички не им било дозволено да прават паузи за ручек или одмор додека семејството Безос било во домот, а не постоел ниту одреден простор во кој би можеле да седнат, одморат или јадат.
За целата ситуација да биде полоша, немале ни пристап до тоалет туку морале да се прекачуваат низ прозорец.
Веда исто така тврди дека и останатите членови на домаќинството вообичаено навредливо се однесувале кон неа и другите латиноамерикански куќни помошнички - на начин на кој не се однесувале кон белиот персонал.
Кога се обидела да ги пријави овие проблеми, наишла на отпор и на крајот била отпуштена под лажни изговори.
Во известувањето за отказот била наведена неверојатна сложена причина за раскинувањето на работниот однос до кој дошло затоа што Веда била „несреќна“, што оставило негативен ефект врз остатокот од вработените.
Од недостаток на паузи, немање пристап до тоалет, расна дискриминација, одмаздничко однесување и незаконски прекин на работниот однос, адвокатите на Веда го тужат Безос по 9 точки.