(Видео) Поренешен тенисер откри што стои зад „допингот“ на Ѓоковиќ: „Дали некогаш сте ја виделе тренинг програмата на Федерер?“

Супермен

08/11/2022

12:45

16.863

Големина на фонт

а а а

Роби Кениг, некогашниот тренер, а сега коментатор, лесно објаснил за што станува збор во случајот со „допингот“ на Ѓоковиќ.

Лесно „запаливите“ тениски навивачи, на чело со новинарот Бен Ротенберг, се посомневале на чесноста на Новак во париски Берси.

На Твитер се повела расправа за тоа што Ѓоковиќ пие во текот на тајм-аутите, а самиот српски тенисер на шега неколку пати на конференциите зборувал за неговите „волшебни напитоци“.

На видеото во текот на натпреварот против Стефанос Циципас се гледа како тимот на Новак, односно Улисес Бадио има шише со пијалак и ѝ го додава на собирачката на топчиња за да му го однесе на српскиот тенисер.

На некои им бил проблематичен начинот на којшто Аргентинецот го подготвува тој пијалак, односно како да се крие, а Роби, поранешен јужноафрикански тенисер јасно дал до знаење за што станува збор.

„Не можам да верувам дека за ова воопшто се дискутира. Елитните спортисти во секој спорт, а особено во оние индивидуалните, не сакаат нивните ривали да ги знаат нивните „работни тајни. Тоа се основите на натпреварите. Дали некогаш сте ја виделе тренинг програмата на Пјер Паганини за Рожер Федерер? Нема шанси...“, напишал Кениг и ја затворил оваа тема.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk