(Фото/Видео) Најскапиот ресторан на светот: Вечера по лице чини 2.380 долари во амбиент на „капсула“

Супермен

24/11/2022

14:48

4.015

Големина на фонт

а а а

Доколку на располагање имате 2.380 долари, можете да си дозволите вечера во ресторанот „Sublimotion“ којшто инаку е најскапиот ресторан на светот.

Најскапиот ресторан на светот и натаму е „Sublimotion“, угостителски објект којшто се наоѓа на Ибица. Доколку сакате да вечерате таму потребно е да издвоите 2.380 долари и тоа по лице. Овој перформанс на вечера трае околу три часа, а за тоа време можете и нешто да се напиете, тоа е вметнато во цената.

Под водство на шефот со двојна Мишелинова ѕвезда, Пак Рончер, овој единствен ресторан го носи гастрономското искуство во храбри, нови правци на комбинации на храна, уметности и илузија во нов револуционерен концепт којшто оди подалеку од вашите непца.

Ресторанот има сопствено музичко мени со соодветна кореографска услуга и револуционерна технологија која ги буди сетилата на гостите, залче по залче. Таму искуството е сè, освен обично.


Во текот на гастрономската претстава, дванаесет среќници уживаат во авангардната кујна во високотехнолошки, интерактивен простор наречен „капсула“. Овој дел од ресторанот служи како празно платно подготвено да се трансформира во речиси сè што можете да замислите. Тоа меѓу другото е и најскапиот ресторан на светот.

„Sublimtion“ работи само неколку месеци годишно, од почеток на јуни до крајот на септември кога е актуелна туристичката сезона во Ибица и веќе неколку години наназад ја држи титулата најскап ресторан на светот.





Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk