Светското првенство во Катар на трибините ги донесе најубавите жени на фудбалерите од целиот свет, а ова се само некои од нив.
Светското првенство во Катар трае веќе една седмица, а покрај натпреварите кој би рекол дека големо внимание ќе привлечат девојките и сопругите на фудбалерите. Своите избраници ги бодрат на трибините, а не се знае која од која е поубава.
Сепак, уште една работа е сигурна – изгледа дека овојпат голманите успеале да победат играчите, барем кога е изборот на убавиците во прашање.
Изабел Гулар е позната бразилска манекенка и поранешен ангел на Викторија Сикрет, а во Мундијалот често ја опишуваат како жена со најубаво тело. Изабел веќе со години е верена за германскиот голман Кевин Трап којшто моментално брани за Ајнтрахт. Ќе биде интересно кога ќе видите за кого Изабел ќе навива на Мундијалот кога ќе биде натпреварот меѓу Германија и Бразил. На нејзиниот вереник нема да му биде лесно, но Изабел сигурно ќе добие многу погледи доколку се појави на трибините во текот на натпреварот.
Жозе Са од минатата година е чувар на мрежата на Вулверхемптон, а кога од Олимпијакос пристинал во Англија големо внимание привлекла и неговата избраничка. Ракел се прославила како модел, но добила можност и да заигра пред камерите поради тоа што повремено ја викаат за улоги во португалски серии, но тоа не е сè. Таа неколку пати се фотографирала за популарниот „Плејбој“. Во меѓувреме Ракел се свртeла кон семејниот живот со три години помладиот чувар на мрежата со кој има тригодишна ќерка.
Згодната Мишел е девојка на голманот Тибо Куртоа којшто е чувар на мрежата на Белгија. Израелската манекенка го освоила срцето на еден од најдобрите голмани на денешницата, а нивната љубов во последно време цвета. Многу од неговите успеси се припишуваат на неа затоа што како што велат таа му е вистински ветер во грб.
Сопругата на фудбалерот Матео Ковачиќ, Изабел, е доказ дека и без голотија и објавување провокативни фотографии може да се истакне убавината на женското тело. Изабел има сопствен бизнис и не сака големо внимание да привлече на себе со голи фотографии.