(Фото) Златно капучино во знакот на луксузот – колку ќе ве чини овој напиток во хотел во Дубаи?

Супермен

09/01/2023

10:43

4.110

Големина на фонт

а а а

Дубаи стана синоним за раскош и има малку места каде тоа е толку очигледно како што е хотелот „Burj Al Arab“ којшто е познат како најлуксузен на светот.

Зимава хотелот сака во дневната рутина на повеќето од луѓето да внесе луксузно искуство, па така наместо вообичаено кафе на гостите им нуди капучино направено од 24-каратно злато.

Хотелот дошол до оваа идеjа слушајќи ги желбите на своите многу богати гости – сакале нешто поразлично.

Така во капучиното додале голема количина злато кое се јаде од 24 карати и претставиле врвно, златно капучино.

„Ultimate Gold Cappuccino“ е во понудата во салонот „Sahn Eddar“ којшто се наоѓа во хотелот. Кафето се прави од 100 отсто зрна арабика кое потоа се комбинира со пенесто млеко кое е помешано со 24-каратно злато.

Напитокот (сигурен за консумирање) потоа е посипен со златни трошки во духот на дизајнот на „Burj Al Arab“. Кој ќе го нарача ова капучино добива и чоколадни marshmallow со златни ливчиња.

Златното капучино е сервирано во сет од порцелан којшто исто така е украсен со злато. Доколку се прашувате дали ова капучино ќе ве чини повеќе од вообичаеното, тогаш одговорот е потврден – ова капучино чини околу 25 евра, но сепак таа цена не им пречи на оние кои го нарачуваат истото.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk