(Фото) Што ги насмеало толку многу Бред Пит и Џорџ Клуни на филмскиот сет?

Супермен

02/02/2023

16:45

5.351

Големина на фонт

а а а

Бред Пит и Џорџ Клуни моментално се во Њујорк на снимање на новиот филм „Wolves“, а една сцена од филмскиот сет ги насмеала до солзи. Папараците ги уловиле додека снимале акциони сцени со колегата Остин Греем, кој го бркале со автомобил.

Смешна сцена

Греем ја снимил сцената само во долна облека, а урнебесната глетка ги насмеала актерите. Изгледа дека Пит и Клуни одлично се забавуваат дури и за време на паузите од снимањето, бидејќи камерите ги уловиле како се смеат.


Добри пријатели

Пред снимањето на „Волци“, Клуни се пошегува за списанието „Пипл“ дека Пит е ангажиран затоа што е „очигледно најевтин од достапните актери“, пред да додаде: „Тој е мој пријател и одлично си поминуваме заедно. Навистина се радувам на тоа“.

Да потсетиме, Пит и Клуни се долги години пријатели, а досега заедно глумеа во филмот Ocean's 11 и неговите продолженија, како и во филмските хитови „Confessions of a Dangerous Mind“ и „Burn After Reading“.

Пит и Клуни се копродуценти на трилерот Wolves, кој ќе биде објавен на платформата Apple TV+, но датумот на објавување сè уште не е познат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk