Кијану Ривс повторно ја оправда својата титула на најљубезен холивудски актер. Тој неодамна се појавил во еден британски паб и ги израдувал сите присутни, а особено вработените.
Актерот моментално престојува во гратчето Тринг, Англија, а слободното време одлучил да го искористи за посета на локалниот паб и со таквиот потег ги изненадил вработените кои ја споделиле приказната на Фејсбук страницата на пабот.
„Денеска имавме ненадеен гостин на ручек. Колку драг човек. Го прашавме дали би сакал да се фотографира со тимот од кујната, а тој веднаш отиде таму, се ракуваше со сите и ја пофали храната. Излишно е да се каже дека им го разубави денот“, напишале од пабот на Фејсбук.
So today we had a surprise visitor for lunch…
What a lovely man he was too.
Laura asked if he would be ok with taking...
Posted by The Robin Hood Tring on Saturday, February 4, 2023
Една вработена во пабот открила за британскиот „Metro“ дека актерот нарачал пиво, риба со помфрит и парче месна пита и дека бил сам.
Познато е дека Кијану Ривс не живее живот типичен за познатите. И покрај огромното богатство, актерот не живее во вила, нема телохранители, користи подземна железница и им помага на бездомните со кои често знае и да испие по некое пиво.
Ривс е познат како многу скромен човек кој со своето однесување ја импресионира јавноста. Без разлика дали станува збор за љубезни гестови или начинот на кој се фотографира со обожавателките, холивудскиот актер секогаш одново и одново ги воодушевува фановите со своите постапки.