(ФОТО) Поради своите бујни облини, Хрватка го привлече вниманието на светските медиуми: „На мене сè е природно“

Супермен

28/03/2023

09:27

5.964

Големина на фонт

а а а

Младата Хрватка, Клаудија Ривер, на Инстаграм има милион следбеници, а благодарение на своите бујни облини, го привлекла вниманието и на светските медиуми.

Внимание привлекла со изјавата дека нејзините облини, вклучувајќи ги и градите, се природни.


„Кога бев помлада, имав веројатно 30 килограми помалку од денес. Тогаш градите не ми беа толку големи“, раскажала претходно за британскиот „Daily Star“.

Клаудија некогаш носела Ц корпи. Иако градите сега ѝ се поголеми, не ја исклучила целосно можноста да ги зголеми.


„Сè уште не сум била на никаква естетска операција, но размислувам за вградување импланти во градите. Секојпат кога ќе симнам некој килограм, губам и дел од градите. Ако некогаш ослабам, сигурно ќе ги оперирам градите“, рекла таа.

„Никогаш не сум била на било каква операција и не сум правела некакви корекции на градите, а не сум користела ниту суплементи или било што друго што денес постои на пазарот. Ова едноставно е генетика, и тоа не директна од моите родители, туку од нивните. Реакциите на луѓето кога ќе ме видат се различни, жените воглавно се згрозуваат, а момците се удираат со лакти“, додава Ривер.


Клаудија Ривер е активна и на страницата за возрасни OnlyFans, каде експлицитната содржина ја наплаќа околу 5 долари. Колку всушност заработува од Инстаграм и OnlyFans, не сакала да открие.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk