Фински бизнисмен казнет со 121.000 евра бидејќи возел 30 км/ч. над ограничената брзина

Супермен

06/06/2023

18:00

4.229

Големина на фонт

а а а

На еден мултимилионер во Финска му била изречена една од највисоките казни за надминување на брзината и мора да плати 121.000 евра бидејќи возел 30 км/ч. над ограничувањето.

„Навистина жалам поради тоа“, изјавил Андерс Виклоф (76) за „Nya Aland“.

„Започнав да забавувам, но претпоставувам дека тоа не се случи доволно брзо“, додал тој.


Виклоф, претседател и основач на холдинг компанија која заработува до 350 милиони евра годишно, изјавил дека ограничувањето на брзината „одненадеж“ се променило од 70 на 50 км/ч. кога бил фатен како вози 82 км/ч.

Како што е вообичаено во нордискиот регион, казните за сообраќајните прекршоци во Финска се засноваат на тежината на прекршокот и приходите на сторителот, што полицијата може веднаш да го провери преку своите паметни телефони со централната база на податоци на даночните обврзници.

Според финскиот систем, „дневната парична казна“ се пресметува на основ на дневниот расположлив доход на сторителот, кој општо се смета за половина од неговиот дневен нето приход. Колку повеќе возачот ја надминува границата, толку е поголем бројот на дневни казни.


Фактот дека Виклоф претходно бил двапати казнет поради надминување на ограничената брзина, била отежнувачка околност. Му била одземена и возачката дозвола на 10 дена.

Како што наведува „Guardian“, се верува дека Швајцарија, која користи сличен систем заснован на приходи, ја изрекла најголемата сообраќајна казна некогаш: 3600 франци дневно во текот на 300 дена, или околу 1,1 милион евра, за шведски возач кој бил фатен како вози со брзина од 290 км/ч. помеѓу Берн и Лозана.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk