За порција лигни 19 евра: Цените не престануваат да ги изненадуваат туристите во оваа балканска земја

Супермен

14/06/2023

13:35

5.710

Големина на фонт

а а а

Една прилично голема ставка која фрла сенка на туристичкиот оптимизам се цените кои како и минатата, така и оваа година се зголемиле...

Досега, за среќа, тоа не се одразува на бројот на резервации во познатите летувалишта.

Туристичката сезона никогаш не била еднакво добра за сите, па така нема да биде ниту годинава. Моментално, сплитските изнајмувачи сакаат становите да им се полни како што очекувале, но глобално гледано, домашниот туризам за нив годинава оди според планот, пренесува хрватски „Вечерњи лист“.


Туристичкиот промет е за 12 отсто подобар отколку во 2019 година, но цените на лигните на пример, веќе во претсезоната го достигнале својот врв (19 евра порција).

„Исклучително сме задоволни од досегашниот тек, туристичкиот промет ги надминува резултатите од 2019 година за дури 12 отсто, а со голем оптимизам влегуваме во главниот, летен дел од туристичката година“, изјавил минатата седмица во текот на состанокот министерот за туризам и директор на регионалната туристичка заедница Кристијан Станиќиќ којшто напоменува дека во тек се промотивните активности во 14 европски земји.

Инаку, Хрватска од 1 јануари до крајот на јуни ја посетиле повеќе од 3,5 милиони гости кои оствариле 10,7 милиони ноќевања, што е три отсто повеќе од 2019 година како што и се очекувало.


Како што се наближува екот на сезоната цените се очекува да растат кога станува збор за трошоците за сместување и храна. Досега тоа не се одразува на бројот на резервации, што е потврда дека домаќините имаат доволно гости кои се подготвени да го платат тоа што хрватскиот туризам го нуди.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk