Возачите од нашата земја како и од регионот секое лето се соочуваат со овој „проблематичен“ знак.
За патување со автомобил во странство неопходно е да се знаат барем основни информации за сообраќајот во таа земја за да не дојдеме во ситуација да мораме да платиме казна и со тоа да си ускратиме дел од буџетот за одморот.
Затоа администраторите на Фејсбук групата „Grčka uživo“ решиле да застанат на патот на дилемите кои ги мачат туристите кои со сопствени возила тргнале на пат кон грчките летувалишта.
„Пречкртаната вертикална дебела линија (една или две) на знакот за забрана за паркирање значи дека не смеете да паркирате на таа страна од улицата во парен или непарен месец, а не на ден.
Ако еден правоаголник е пречкртан, не паркирајте на таа страна во текот на јануари, март, мај, јули, септември и ноември, а ако се пречкртани два, тогаш во останатите месеци“, се наведува во објавата.
Еден од членовите на групата објаснил и зошто во градовите во Грција често на една улица можат да се видат двата знаци.
„Долж улиците се наоѓаат продавници или станбени објекти, а автомобилите им ја блокираат и им ја попречуваат видливоста и пристапноста, па со менувањето се воспоставува фер рамнотежа за сопствениците на продавниците од двете страни“, навел корисникот.