Пивото е сепак добро за нас? Научниците велат дека го подобрува здравјето на цревата

Супермен

01/09/2023

18:14

6.926

Големина на фонт

а а а

Пиењето пиво може да биде добро за здравјето на цревата и имунолошкиот систем, гласи заклучокот на студијата на Медицинскиот универзитет Далиан во Кина.

Научниците откриле дека пиењето пиво во умерени количини може да биде подобро за нашето здравје отколку апстиненцијата. Тие тврдат дека полифенолите, влакната и етанолот во пивото се клучни за зајакнување на имунолошкиот систем и дека пивото е поефикасно од пробиотиците кога се консумира во разумни количини.


„Пивото е богато со есенцијални аминокиселини, витамини, елементи во трагови и биоактивни супстанции кои се вклучени во регулирањето на многу човечки физиолошки функции. Полифенолите во пивскиот слад и хмељот се исто така важни активни соединенија кои делуваат во двете насоки на цревниот микробиом. Некои компоненти на пивото имаат слично, па дури и посилно дејство од пробиотиците“, напишале научниците во заклучокот.

Пробиотиците се живи бактерии и квасци кои помагаат во враќањето на природната рамнотежа на бактериите во цревата кога таа е нарушена поради болести и се борат против лошите бактерии. Можеме да ги најдеме во кимчи и комбуха, како и во сирењето и јогуртот.


Рецензијата објавена во списанието „Frontiers in Nutrition“ вели: „Комбинирајќи ги резултатите од студиите спроведени на луѓе и животни, постои консензус дека умереното консумирање пиво има корисен ефект врз имунолошкиот систем во споредба со злоупотребата или апстиненцијата од алкохол“.

Придобивките што ги има консумацијата на пиво за цревата се однесуваат само на умерените консументи.

Рецензијата вели: „Ризикот од смрт е помал кај оние кои пијат малку и умерено, а зголемен кај оние кои пијат често“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk