Американските медиуми објавија дека Ал Пачино и неговата 54 години помлада девојка Нур Алфалах раскинале, а таа поднела барање за старателство над нивниот 3-месечен син.
Алфалах (29) поднела барање во Лос Анџелес, барајќи целосно физичко старателство над бебето, додавајќи дека сака 83-годишниот актер да има „разумни посети“, објави „The Blast“.
Пачино и Алфалах ги поврзуваа од април 2022 година, а го дочекаа својот син на 6-ти јуни во болницата „ Cedar’s Sinai“ во Лос Анџелес.
Актерот веќе е татко на три деца со две жени: ги има 22-годишните близнаци Оливија Пачино и Антон Џејмс Пачино со Беверли Д'Анџело, како и Џули Пачино (33) со Јан Тарант.
Според пишувањата на медиумите, Алфалах пред судот изјавила дека е подготвена да му одобри заедничко правно старателство на актерот над нивниот син, што ќе му даде право на збор за прашања поврзани со образование, религија, лекување и уште многу друго.
Во нејзиното правно поднесување, Алфалах вклучила документ наречен „доброволна изјава за родителство“, која таа и Пачино ја потпишале 6 дена по раѓањето на нивното дете.
Во судските документи таа бара од Пачино да ги плати трошоците за нејзиниот адвокат или какви било други трошоци поврзани со случајот, наведува агенцијата. Конкретната сума за издржување на детето не е наведена во документите.
Се очекувало судијата во предметот да ја навести сумата врз основа на она што Алфалах го бара на претстојните сослушувања, но немало докази кои сугерираат дека Пачино се спротивставил на кое било од барањата.