Пилотите пред слетувањето мора да поминат низ посебна обука за да бидат сигурни во тоа што го прават, но и да го прават како што треба.
Мадеира, островот во Португалија во Атлантскиот океан, со прекрасни 180 километри крајбрежје, привлекува бројни туристи поради својата природна убавина.
Сепак, за да чекорите по негово тло, мора да го „преживеете“ слетувањето на авионот на еден од најопасните аеродроми на светот и секако во Европа.
Аеродромот го добил името по Кристијано Роналдо, а се наоѓа меѓу планините и Атлантскиот океан. При слетување, пилотот прво го врти авионот кон планината, а потоа во последен момент нагло врти надесно.
Кога времето е убаво и временските услови се поволни, за тоа нема никаков проблем, но кога дуваат силни ветрови, какви што таму не се реткост, на многу од патниците не им е сеедно.
Не им е сеедно ниту на пилотите, а за да патуваат на Мадеира и да слетаат на овој аеродром мора да поминат низ специјална обука.
Па, доколку немате страв од летање со авион, погледнете едно слетување при исклучително јаки и бучни удари на ветрот и „мајсторијата“ на пилотот.
Погледнете го видеото:
Kakav majstor.???✈️ pic.twitter.com/6rQGnCPpKn
— Peđa Vučetić (@Pedjijatar) September 27, 2023