Иако своите милијарди ги заработил купувајќи акции погодени од кризите на пазарот и скандалите, Ворен Бафет долго избегнувал вложување во технолошките компании.
Славниот милијардер и инвеститор изјавил дека планира да се повлече од местото на извршен директор на „Berkshire Hathaway“ кон крајот на годинава.
Оваа вест ја изненади јавноста со оглед на тоа што 94-годишниот Бафет тврдел дека не планира да се пензионира.
Бафет е еден од најбогатите луѓе во светот и најуспешен инвеститор на сите времиња, а ја презел контролата врз „Berkshire Hathaway“ во 1965 година, кога компанијата била произведувач на текстил. Ја трансформирал во инвестициски конгломерат, пронаоѓајќи бизниси и акции кои биле потенцијални во однос на својата страна на вредноста.
Тој успех го направил легенда на Вол Стрит, а прекарот „пророк од Омах“ станал синоним за инвестициска мудрост.
„National Indemnity“ и „National Fire & Marine“
Купени во 1967 година, а веќе биле првите фирми за осигурување кои Бафет ги активирал. Тие подразбираат: пари од премија кои можат да се инвестираат додека не се исплати штетата, а финансирале многу од понатамошните вложувања на Бафет.
„American Express“, „Coca-Cola“ и „Bink of America“
Бафет купувал акции од овие компании кога биле погодени од кризи и скандали. Вредноста на овие удели сега надминува 100 милијарди долари повеќе од цената која ја платил.
„Apple“
Со години тврдел дека не ја разбира технологијата, но во 2016 година почнал да купува акции од „Apple“ затоа што ја сфатил како потрошувачка компанија со исклучително лојални корисници. Инвестирал над 31 милијарда долари, вредност која подоцна надминала 174 милијарди.
„BYD“
После совет од својот долгогодишен соработник Чарли Монгер, Бафет во 2008 година инвестирал 232 милиони долари во кинескиот произведувач на електрични возила. Вредноста на уделот пораснала на повеќе од 9 милиони пред да започне продажбата, а и денес вреди околу 1,8 милијарди.
„See’s Candy“
Купувањето од 1972 година му ја сменила филозофијата на инвестирање – подобро е да купите добар бизнис по фер цена, отколку лош по ниска. За овој бизнис тој вложил 25 милиони, а до 2011 година остварил профит од 1,7 милијарда долари.
„Berkshire Hathaway“ (текстил)
Оригиналниот текстилен бизнис го смета за своја најлоша инвестиција. Со години губел пари, додека пак во 1985 година бил затворен, акциите кои ги купил за 7-8 долари денес се вредни над 809.000 долари.
„Dexter Shoe Co.“
Бизнисот од 1993 година за 433 милиони долари и тоа во акции на „Berkshire“, го смета за огромна грешка. Компанијата пропаднала, а Бафет вели дека буквално „подарил“ 1,6 отсто од „Berkshire“ за безвреден бизнис.
Пропуштени шанси
Најголемите грешки, како што вели Бафет, не се лошите инвестиции туку оние кои не ги направил, како „Amazon“, „Google“ и „Microsoft“ во раните денови. Една од нив е и неоствареното купување на акции во вредност од 100 милиони во „Walmart“ кои денес би вределе речиси 10 милијарди долари.
Продавање на акциите на банките прерано
Пред пандемијата, Бафет продал повеќе од своите банкарски удели, вклучувајќи ги „Wells Fartgo“ и „JP Morgan“, често по цени кои сега се двојно поголеми.