Само што го остави Пачино на кој му роди дете, се „фрли“ во прегратките на 33 години постариот милијардер: Ја нарекуваат „ловец на холивудска геријатрија“, а новото-старата љубов е доказ за тоа?

Супермен

09/10/2023

22:59

16.103

Големина на фонт

а а а

Нур Алфалах, мајка на најмладото дете на Ал Пачино, во саботата навечер била забележана на концерт на Стинг во Лос Анџелес со својот поранешен партнер Николас Бергруен.

Тој е 33 години постар од неа, а ова е нивно прво јавно заедничко излегување од февруари 2020 година. Не е познато дали парот се смирил или ова е само пријателско излегување.

И двајцата пристигнале во црно од глава до пети, а тешко е да се поверува дека оваа 29-годишна девојка се породи пред повеќе од 3 месеци. Таа носела црни тесни хеланки, чипкан корсет и чизми до колена.


Инаку, на почетокот на септември во медиумите излезе веста дека Нур и Ал Пачино раскинале, но набрзо потоа портпаролот на актерот ги демантираше ваквите гласини. Меѓутоа, наводно е извесно дека таа по судски пат побарала старателство над нивниот 3-месечен син Роман.

Исто така, нејзиното излегување со познатиот 62-годишен милијардер Бергруен, фрла сенка на односот со Пачино и ги „подгрева“ гласините за нивното раскинување.


Оваа телевизиска продуцентка која веќе беше во врска со Николас, кој своевремено излегуваше и со Клаудија Шифер, во август 2018 година го нарече „свој партнер во злосторство“. Една година подоцна Нур го окарактеризирала како „најдобар пријател за цел живот, прекрасен, сладок и лојален“.


Милијардерот има две 7-годишни деца - Олимпија и Александра, а ги доби со помош на две сурогат мајки.

Ова е уште една потврда во низа дека Алфалах е очигледно „слаба“ на постари мажи со оглед на тоа дека во минатото беше во врска со Мик Џегер (80), а парот раскина уште во 2017 година. Интересно е дека во 2019 година се поврзуваше и со Клинт Иствуд (93), но на крајот таа тврдеше дека се само пријатели.

Нур своевремено во едно интервју открила дека луѓето ја коментирале нејзината врска со Џегер, но не се кае за ништо и има многу убави спомени од таа романса.


„Годините не ми беа важни. Срцето не знае што гледа, тоа само знае што чувствува. Тоа беше мојата прва сериозна врска и за мене тоа беше среќен период“, изјави своевремено оваа 29-годишна девојка за „Hello“.

Инаку, поради склоноста кон значително постарите мажи, Нур неретко ја нарекуваат и „ловец на холивудска геријатрија“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk