Планира да спие со 1000 мажи за 24 часа! Лекарите загрижени за здравствените последици

Точка

05/12/2024

23:52

8.758

Големина на фонт

а а а

Лили Филипс, 23-годишна британска порно актерка која планира да биде интимна со дури 1000 мажи во рок од само 24 часа, предизвикала загриженост кај лекарите.

Во јануари, Филипс има намера да го собори претходниот рекорд на нејзината колешка Лиза Спаркс, која во 2004 година имала секс со 919 мажи во еден ден, а неодамна изјавила дека со месеци физички се подготвувала за да биде „дорасната“ на тој предизвик.

Сепак, Зак Тарнер, лекар од Сиднеј, специјализиран за превентивното здравје, предупредил дека таквата екстремна активност може да има многу негативен ефект врз нејзиното тело.


„Сметајте го тоа слично на трчање маратон без претходен тренинг; повредите од прекумерниот напор, дехидратацијата и исцрпеноста се речиси загарантирани“, продолжи Тарнер.

Лиза Спаркс, актуелната рекордерка, по таквиот сексуален маратон признала дека трпела силни болки цела недела, но сепак изгледа дека тоа нема да ја натера Филипс да се откаже.

„Верувам дека ќе боли пред крајот, но сигурна сум дека решителноста ќе ми помогне да не се откажам“, изјави неодамна таа за поткастот „The Reality Check“ и истакна дека постепено го зголемува бројот на партнери во последните месеци.


„Неодамна ги одработив стотина за 14 часа, а наскоро и 300“, рече таа.

„Сексот нуди бројни придобивки, вклучително и подобрување на кардиоваскуларното здравје преку умерена телесна активност, ослободување од стрес преку ослободување на окситоцин и ендорфин и подобрена интимност и емоционална поврзаност со партнерите. Меѓутоа, во екстремно сценарио како ова, ризиците ги надминуваат придобивките. Заморот ги намалува пријатните аспекти, а постојаниот физички напор се претвора од корисен во штетен. Иако тоа може да биде кардиоваскуларен тренинг, најверојатно на крајот ќе направи повеќе штета отколку добро“, повтори Зак.


„Другите здравствени елементи кои доаѓаат предвид вклучуваат поголем ризик од сексуално преносливи болести, како и негативни психолошки ефекти“, нагласи докторот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk