Славната австралиска манекенка Ел Макферсон објави фотографија во едноделен костим за капење, а секој што не ја знае би помислил дека станува збор за двојно помлада жена.
Австралискиот модел објави нова фотографија на социјалните мрежи со која ги распамети своите следбеници.
Таа на фотографијата е облечена во црн едноделен костим за капење и е свртена со грб кон камерата, а освен задникот кој бил во преден план, до израз дошле и нејзините долги нозе и грбот кој го откривал големиот изрез.
„Најубаво се чувствувам кога сум во природа. Кога сум врамена од позадината на природата, ветерот во мојата коса, сонцето што ме гали по грбот, сончевата светлина што се спушта. Или кога моето лице ќе се сретне со прекрасната утринска светлина“, напишала таа во описот.
Гледајќи ја оваа фотографија никој не би ни претпоставил дека Ел има 59 години.
Благодарение на нејзината работа и на крајот од 6-та деценија може да се пофали со оваа фигура, а во 90-тите беше една од најпознатите манекенки. Позната и под прекарот „The Body“ (Телото), таа ги освои модните писти со Наоми Кембел, Клаудија Шифер и Синди Крафорд.
Освен што мамеше воздишки со својот изглед на модните писти, Макферсон често беше мета на таблоидите поради нејзиниот љубовен живот. Во 2013 година се омажи за 52-годишниот бизнисмен Џефри Софер, а парот се разведе во 2017 година. Според пишувањата на странските медиуми, манекенката од бракот излегла побогата за 79 милиони долари.
Таа се разведе од својот прв сопруг, модниот фотограф Жил Бенсимон по 3 години брак, во 1989 година. Ел со финансиерот Арпад Бусон, со кој беше во врска од 1996 до 2005 година ги доби синовите Арпад Флин и Аурелиус Си.