Доколку сакате да доживеете длабока старост, преселете се во оваа земја – најздрава е за живот

Супермен

07/11/2023

18:37

5.377

Големина на фонт

а а а

Иако тоа баш и не било потврдено во пракса во последните неколку години, сепак оваа земја според истражувањата е најздрава за живот.

Доколку сакате да доживеете 80 и повеќе години, преселете се во Италија.

Најздравата земја за живот на светот е Италија, со најдобар здравствен индекс од сите земји кои се вклучени во истражувањето.

Врз основа на студија на компанијата „Bloomberg“, нивниот здравствен индекс којшто рангирал 163 земји од светот ја поставил Италија на првото место кога станува збор за квалитетот на животот.

Италија пред сѐ е благословена со Медитеранот и Алпите на северот, па сите тие благодaти влијаат на исклучително долгиот животен век.


Иако животниот стандард не е висок, Италијанците тоа го надополнуваат со својот дух и карактер. Тие се познати како вечни адолесценти, народ којшто најдобро од сите умее да ужива во животот и сите ситници кои го прават.

На второто место на листата се нашол Исланд, а на третото Швајцарија. Од останатите треба да се издвојат Сингапур и Австралија кои се наоѓаат на четвртото, односно на петтото место.

Секоја држава се оценува врз основа на очекуваното траење на животот, причините за смрт и сите здравствени ризици.


Врз основа на сето тоа се прави листата која ги рангира земјите кои имаат најквалитетен живот. На последното место се нашла Сиера Леоне каде просечниот животен век изнесува 52 години.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk