Греено вино 1 евро, колбаси и палачинки 2 евра: „Симболични“ цени во најголемата економска сила во Европа

Супермен

15/11/2023

14:26

5.746

Големина на фонт

а а а

Дисконтниот ланец „Алди“ за Божиќ планира посебна акција: како што се наведува, на најевтиниот божиќен саем во Германија ќе се најде и греено вино за само едно евро.

Божиќните саеми инаку се дел од божиќната традиција за поголем дел од луѓето во таа земја, најголемата економска сила во Европа.

Сепак, како што инфлацијата со текот на времето земала сѐ поголем замав, саемите станале една од најскапите забави сезонава.


Но, според соопштението на компанијата „Алди“, тие планираат нивниот божиќен саем секој да може да го посети. На неколку штандови ќе се нуди комплетна понуда на храна и пијалаци, карактеристични за божиќните саеми, сѐ од сопствените брендови на „Алди“, пишува „Fenix“.

„Најевтиниот саем во Германија почна да се одржува вчера, а ќе трае до утре во Келн, од 15 до 21 часот пред продавниците „Aldi Süd Grüner Weg“.


Покрај храната и пијалаците планирана е и божиќна забава, а објавени се и цените:

- греено вино и безалкохолни пијалаци, 1 евро;
- палачинки во различни варијанти, 2 евра;
- Bratwurst, односно колбаси (исто така и вегетаријански), 2 евра.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk