Манекенката Емили Ратајковски ја промовирала својата нова линија на костими за капење, а кој подобро би се снашол во улогата на модел од таа самата!
! На социјалните мрежи споделила фотографии во прекрасно темносино бикини со набори, најавувајќи попуст за „Black Friday“ за нејзиниот популарен бренд „Inamorata“.
Инаку, сите костими се дизајнирани од самата Емили, а овој бренд го поседува од 2017 година, што докажува дека има и те како смисла за бизнис.
Убавата бринета позирала во бикини, не криејќи ништо од својот шарм и витка фигура со фини облини поради кои всушност и се прославила.
Емили го истакнала тесниот струк и долгите нозе, но посебен акцент ставила на задникот, како што неретко тоа го прави на фотографиите на „Инстаграм“, па така ја заскокоткала фантазијата на многу мажи.
Оваа 32-годишна девојка важи за една од најзгодните жени во светот на шоубизнисот, особено затоа што сè на неа е сосема природно. Таа заработува милиони на својот изглед и сексапилност, уште откако се прослави во 2013 година во спотот за песната „Blurred Lines“ во кој се појавила само по танга. Пред 10 години во општеството владеела нешто поинаква атмосфера, па тоа сè уште било на работ на скандалозното.
Од тогаш до денес, Емили Ратајковски ја зацврстила својата позиција на една од најбараните и најпрепознатливи модели во светот, а нејзините изданија како на црвениот тепих, така и во приватниот живот се изразито провокативни.
Патем, овие фотографии се појавуваат само неколку дена откако Емили била забележана како се забавува со францускиот комичар Стефан Бак.
Останува да видиме дали станува збор за потрајна романса или уште една минлива афера на какви што е склона манекенката по разводот.
Да потсетиме, Ратајковски во август минатата година стави крај на бракот со продуцентот Себастијан Бур МекКлард поради неговото наводно неверство. По разводот, таа била видена во друштво на неколкумина мажи – кратко се забавувала со пејачот Хари Стајлс, комичарот Пит Дејвисон, диџејот Орацио Рисп и комичарот Ерик Андре.