Пол Рад за улогата во „Ant-Man“ бил на ужасна диета: „Награда ми беше минерална вода“

Супермен

01/12/2023

15:00

4.901

Големина на фонт

а а а

Кога ја добил улогата на Скот Ланг во кинематографската вселена на Марвел, Пол Рад се свртел кон многу рестриктивен план на исхрана за да дојде во форма на суперхерој.

За време на неодамнешното гостување на поткастот „Off Menu“, актерот им објаснил на водителите колку бил строг режимот до кој се придржувал.


„Кога се подготвував за филмот „Ant-Man“, награда ми беше минерална вода. Таа диета беше ужасна. Кога ќе се посветиш на тоа, всушност не е тешко, но навистина е напорно да се јаде здодевна храна одново и одново“, се присетил Рад.

Иако внимавал што јаде и напорно тренирал, вели дека изгледал полошо од сите негови колеги.


„Морав да вежбам цело време и да се хранам совршено само за да изгледам малку подобро, но подеднакво лошо. Се сеќавам дека Крис Хемсворт стоеше до мене со пластичен сад и јадеше кашеста храна. Стоев до него и се прашував: ‘Која е поентата? Зошто се убивам кога постои ваков тип, а јас никогаш нема да можам да ги постигнам неговите резултати?’. Се обидував, но не одеше“, додал тој.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk