[ВИДЕО] Стјуард открива зошто никогаш не треба да пиете кафе во авион: Од неговата приказна ќе ви се згади омилениот напиток

Супермен

05/12/2023

15:00

6.055

Големина на фонт

а а а

Стјуардот Кевин којшто на ТикТок е популарен како @ichbinvin, ја открил вистината за тоа зошто патниците во авион треба да избегнуваат да консумираат кафе во текот на летот.

Кевин на својот ТикТок профил објавил видео во кое одговарал на прашања од социјалната мрежа „Reddit“, а едно од нив гласело: „Стјуарди, кои се малите валкани тајни на вашата професија?“.

Тој се осврнал и на разни одговори под ова прашање, па го споделил своето мислење.

Коментарот којшто на Кевин најмногу му привлекол внимание е оној којшто се однесува на пиењето кафе. Тој се надоврзал на одговорот на еден анонимен корисник којшто рекол дека е пилот, па ги советувал патниците дека не треба да пијат кафе во текот на летот.

Како што истакнал, резервоарите за вода „ретко се чистат, ако воопшто некогаш се чистат, а апаратите ја користат токму таа вода за правење кафе“.

Кевин оваа констатација ја потврдил, па им препорачал на патниците подобро да стигнат малку порано на аеродром за да имаат време да се напијат кафе пред да влезат во авион отколку да го пијат внатре во авионот.

Сепак, тоа не е сѐ. Овој стјуард имал уште причини поради кои ги советува патниците да избегнуваат кафе во авион.

„Факт е дека резервоарите ретко се чистат. За мене тоа отсекогаш бил начин на кој стјуардесите мора да ги чистат чашите за кафе, но...“.

Тој вели дека чашите за кафе се празнат во тоалетот и тврди дека тоа не е санитарно.

„Кога ќе земете чаша за кафе и ќе ја истурите течноста во ВЦ школката, мора малку да се приближите до неа. И замислувам дека постои некој вид повратно прскање, некои честички, бактерии или нешто друго директно се враќа во шолјата за кафе, а потоа таа се враќа во апаратот за кафе“, рекол Кевин така што на многумина можеби ќе им се згади кафето во авион.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk