„Се будам околу 3:30, јадам само 2 оброци дневно, се молам и вежбам“: Актерот одлично ги „крие“ годините со специјалниот режим на исхрана и вежбање

Супермен

28/12/2023

23:00

8.351

Големина на фонт

а а а

Актерот Марк Волберг познат е по акциските трилери во кои глуми, а својот неверојатен изглед го должи на неверојатната посветеност.

Марк Волберг (52) е актер којшто во шестата деценија изгледа фантастично. Додека неговата сопруга живее поопуштен начин на живот, актерот се труди да остане во топ-форма за да ги добива најдобрите можни улоги.

Меѓутоа, ваквото тело „не паѓа од небо“. Марк неверојатно се жртвува за да изгледа 20 години помладо.


Што прави?

Актерот навел дека се буди околу 3 часот и 30 минути наутро, прво се моли, а потоа вежба, одговара на мејловите, па појадува.

Од неодамна тој почнал да практикува автофагија, па се труди помалку да јаде.


„Не вежбам повеќе толку напорно како некогаш, сега подобри резултати имам практикувајќи автофагија. Сега секој ден станувам околу 3 и 30, потоа одвојувам време за молитва, потоа земам витамини, вежбам, па се посветувам на работата.

Дневно имам по два оброци: еден околу пладне и другиот до 18 часот. Во деновите кога имам тренинг се трудам да јадам повеќе. Но, пет дена во неделата се придржувам до периодот гладување.


Во кревет секогаш одам околу 19 и 30 часот. Одлучен сум во тоа да спијам од 7 до 8 часа. Моето семејство нема таков ритам, но навикнати се на мојата рутина“, истакнал актерот.

Инаку, Марк со сопругата Рија е во брак од 2009 година и имаат четири деца: Ела, Мајкл, Брендон и Грејс.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk