[ВИДЕО] Што мислите, каде е поскапо? Србин ги споредил цените на Алпите и на Копаоник – сезонава претеравте

Супермен

30/01/2024

15:15

6.196

Големина на фонт

а а а

Ски инструктор од Србија којшто на ТикТок се потпишува како „skijamare“, објавил видео во кое направил разлика меѓу цените на Копаоник и на Алпите.

„Сега ќе видиме какви се цените во локалите во Италија, па да видиме дали има смисла она што го зборував, дали е поевтино да отидете на скијање на Алпите“, вели на почеток од видеото младиот ски инструктор од Србија којшто се претставува како „крал Копа“.

„Пица диавола 11 евра, пица со кулен и лути феферонки. На 2001 метри надморска височина, значи 16 метри пониско отколку Копаоник. Значи, и натаму поевтина пица од било кое друго место во Копаоник. Пивце шест евра, половина литар вода две евра, цеден сок од портокал четири евра... Па, ете, вие кажете ми дали би платиле 650 динари за пиво на Копаоник или во Италија“.

Како што напомнал, критериумот за избор на локал бил: да се наоѓа на ски-патеката, на висина од 2000+ метри, како и цените да бидат репрезентативни.

„На пониско може да се јаде и поевтино, така што истата ваква пица може да чини и 6-7 евра“, рекол тој, а во коментарите на својот извештај дополнил и дека бургер во Италија на патеките чини 7-8 евра, на Копаоник 1600 динари, еспресо 1,8 евра во Италија, на Копаоник 280 динари.

Следеле многу коментари, во кои луѓето полемизирале за цените во Италија и на Копаоник.

„Целта во ниту еден момент не ми беше да ја оцрнам нашата земја ниту нашите луѓе. Мојата порака е апел до поглаварите на Копаоник. Системот којшто сте го направиле стана одамна неодржлив, а сезонава претеравте. Значително е зголемен бројот на нашите луѓе кои одат да скијаат во Италија, Австрија, Франција“, истакнал ски инструкторот.

Тој додал и дека на Копаоник доаѓа повеќе од 25 години.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk