Маск вели дека ќе престане да го користи бројот на мобилниот телефон: Само вака ќе може да го контактираат

Супермен

09/02/2024

14:57

4.646

Големина на фонт

а а а

Елон Маск изјавил дека ќе престане да го користи својот телефонски број. Ова е негов обид да промовира нови функции на „Х“ (Твитер). Ова, според неговите најави, значи дека само оние кои ќе платат за премиум верзијата на „X“ ќе можат лично да му се јават на Маск.

„За неколку месеци ќе го повлечам телефонскиот број и ќе го користам X само за пораки и аудио/видео повици“, објави Маск. „X“ официјално воведе аудио и видео повици минатата година. Додека сите сметки можат да примаат повици, само претплатниците можат да ги упатуваат.

За неколку месеци, ќе го прекинам мојот телефонски број и ќе го користам „X“ само за пораки и аудио/видео повици

Треба да се напомене дека повиците на „X“ не се шифрирани, за разлика од другите слични услуги како што се „WhatsApp“ или „FaceTime“ на „Apple“. Компанијата нуди само поставка за „подобрена приватност на повиците“, за која тврдат дека „помага во заштитата на приватноста“. Но, ова само значи дека IP адресите на повикувачите се скриени.

Засега нема јавни податоци што би откриле колку се популарни функциите за повикување во моментов на таа платформа. Маск сугерираше дека додавањето на оваа функција во апликацијата е дел од неговиот план да го направи „X“ апликација за секого. Дали ќе успее, останува да видиме.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk