Плејбој зајачица за Леонардо ди Каприо и неговите претпочитања во креветот: „Става слушалки на уши за време на односот, тој е премногу чуден и стар“

Супермен

01/03/2024

12:30

18.392

Големина на фонт

а а а

Хике Конингс (22) тврди дека флертувала со холивудската ѕвезда Леонардо ди Каприо (49) во еден ноќен клуб, но изјавила дека тој е „премногу чуден и престар“.

Појавувајќи се на насловната страница на холандското издание на Плејбој, таа се присетила на ноќта кога го запознала оскаровецот.

„Тоа беше во таен клуб во Лос Анџелес во кој може да се влезе само со покана. Го видов како седи таму во црн дуксер со качулка и црна капа, и тогаш нѝ се вкрстија погледите“, објаснила Хике, кога менаџерот на Леонардо ја повикал и ѝ рекол дека „Леонардо сака да разговара со неа“.

Хике ја искористила приликата да ја изнесе познатата репутација на Леонардо како некој што излегува само со манекенки помлади од 25 години, за што тој признал дека е „виновен“.

Парот потоа се бакнувал, а Плејбој зајачицата го опишала бакнежот со Ди Каприо како просечен: „Беше во ред, но дефинитивно не е најдобриот бакнеж што сум го имала“.

Хике била поканета да си оди дома со ѕвездата, но го одбила.


„Тој реагираше многу шокирано. Се разбира, не беше навикнат на тоа. Кога реков дека не го познавам доволно, тој симпатично одговори дека го почитува тоа“, изјавила Хике и додала:

„Потоа се сврте кон друга девојка и ја одведе дома“.

Хике рекла дека иако не спиела со Леонардо, имала неколку пријателки кои ја поминале ноќта со него и тврделе дека тој има некои сомнителни претпочитања во спалната соба.

„Една пријателка рече дека носел слушалки на уши за време на сексуалниот однос затоа што не сакал да ја слуша. А друга рече дека дури ѝ ставил перница на главата“.

„Не, Лео е премногу чуден и премногу стар“, вели таа.

Леонардо се најде на мета на многу шеги за неговиот љубовен живот, како и бурни реакции поради неговото очигледно одбивање да биде со девојка која е постара од 25 години.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk