Корисниците на социјалните мрежи не престануваат да зборуваат за најновата акциона серија на Нетфликс „The Gentlemen“, која пристигна на стриминг сервисот на 7 март. Серијата, на која работеше Гај Ричи, е спин-оф на истоимениот хит филм на Ричи од 2019 година.
Тео Џејмс во серијата го игра младиот аристократ Еди Халстед, кој наследи голем семеен имот по смртта на неговиот татко. Еди наскоро дознава дека на имотот има фарма за марихуана и дека неговото семејство паднало во вилицата на криминалот. Иако на почетокот сака да избега од светот на криминалот, Еди е заведен од моќта што доаѓа со империјата на марихуана.
Покрај Џејмс, во серијата глумат и Каја Скоделарио, Даниел Ингс, Џоли Ричардсон, Вини Џонс, Џанкарло Еспосито и Реј Винстон.
Гледачите се воодушевени
Критичарите го оценија „The Gentlemen“ со 71%, а просечната публика со 83%. Според порталот „Unilad“, дел од гледачите го изразиле своето задоволство преку Фејсбук.
„Го обожавам ова. Во исто време е сериозно и урнебесно, па не ни знаеш дека гледаш криминална серија", напишал еден корисник на групата „Netflix Bangers“. „Одлична серија досега. Најдоброто нешто што сум го гледал на Нетфликс во последно време“, напишал друг, на што трет додал: „Би дал 10 од 10“.
Џејмс толку многу воодушеви некои фанови што пишуваат дека би сакале да го видат во улогата на Џејмс Бонд.
„Овој човек би бил одличен како следниот Џејмс Бонд“, напиша еден гледач, додека друг гледач додаде: „Дефинитивно и јас и мојот сопруг го кажавме тоа“.