Од продавницата „Google Play“ отстранети се пет апликации откако експертите предупредиле дека тие би можеле да бидат искористени за преземање на контролата над телефонот и напади на банкарските апликации.
Сопствениците се предупредени да ги проверат своите телефони.
Доколку некоја од овие апликации веќе сте ја инсталирале на својот паметен Android телефон, можеби ќе мора рачно да ја избришете доколку сте го исклучиле „Google Play Protect“.
Овие апликации содржат скриен банкарски тројанец со име „Anatsa“ којшто веќе бил активен во низа земји.
Откако ќе преземете апликација на својот телефон, хакерот може да ја преземе контролата над него и да извршува задачи без ваше знаење.
Најмногу штета би можеле да ви нанесат доколку успеат да дојдат до пристап на вашите лични податоци и да извршат плаќања од вашата банкарска апликација.
Се смета дека следните апликации се преземени над 200000 пати пред „Google“ да ги исфрли од својата продавница.
- Чистач на телефон „File Explorer“;
- PDF прегледник „File Explorer“;
- PDF читач, прегледник и уредувач;
- Чистач на телефон „File Explorer“;
- PDF читач, управувач со датотеки.
Од „Google“ за „Bleeping Computer“ велат дека сите апликации се идентификувани и отстранети од „Google Play“.
„Корисниците на Android автоматски се заштитени од познатите верзии на овој злонамерен софтвер по пат на Google Play Protect којшто според последните поставки бил вклучен на Android уредите со Google Play услугите“, изјавиле од компанијата.
„Google Play Protect може да ги предупреди корисниците или да ги блокира апликациите за кои е познато дека покажуваат злонамерно однесување, па дури и кога апликациите доаѓаат од извор надвор од Play“, додале од компанијата.