Сите зборуваат за најџентлменскиот потег на годината кој го направил славниот актер, а кој говори повеќе од 1000 „те сакам“ – еве што ѝ направил на сопругата на сцена...

Супермен

18/03/2024

22:20

13.498

Големина на фонт

а а а

Идрис Елба нежно ја бакнал својата сопруга Сабрина Доур Елба во рамо, на 55 доделување на наградите „NAACP Image Awards“ во Лос Анџелес во саботата и со тој гест ги воодушевил сите присутни.

Имено, британскиот актер Идрис Елба и убавата 34-годишна Сабрина со која се венчал во 2019 година, изгледале заљубено како никогаш досега додека заедно врачувале награда.

Актерот не можел да ги одвои рацете од својата гламурозна сопруга додека стоел со неа на сцената.


И двајцата изгледале исклучително, тој блескал во црно одело кое го искомбинирал со црна кошула и вратоврска, а Сабрина била совршено стилизирала во кафеав фустан којшто ја истакнал нејзината совршена фигура на тело.

Парот ја доделувал наградата за најдобра актерка во филм, а пред тоа заедно позирале на црвениот тепих воочи церемонијата на доделување на наградите.

Новинарите во таа прилика го прашале актерот да ја опише љубовта кон својата жена со еден збор, а тој само кратко рекол: „Длабоко“.

Инаку, парот се запознал во џез бар една вечер во Ванкувер во 2017 година кога актерот бил во градот на снимање на филмот „The Mountain Between Us“ со Кејт Винслет.

На актерот веднаш го привлекла поранешната мис Ванкувер.


„Тоа била љубов на прв поглед, излегов на својот слободен ден, вистинита приказна, беше недела навечер, отидов на оваа забава и таму беше таа. Сѐ останато е историја“, раскажал во една прилика актерот.

Првпат официјално заедно се појавиле на премиерата на филм на Меѓународниот фестивал во Торонто во 2017 година.


Без оглед на тврдењата дека никогаш повеќе нема да се ожени, Идрис јавно ја запросил Сабрина на проекција на филм, а се венчале на раскошна тридневна мароканска церемонија во 2019 година, пренесува „People“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk