Купувате половен автомобил? Поранешен полицаец открива 4 начини на кои може да препознаете дали истиот е краден

Супермен

22/03/2024

17:17

6.581

Големина на фонт

а а а

Поранешниот полицаец Бен Петсон, за „The Sun“ открил четири клучни начини како да препознаете дали автомобилот е краден.

Прво, тој предупредил на користење на основни клучеви или недостаток на напредна технологија за отклучување и придвижување на возилото.


Според неговите зборови, поголем дел од врвните модели доаѓаат со напредни клучеви или опрема за пристап која е пософистицирана од обичните клучеви. Поради тоа, доколку забележите луксузно возило кое се придвижува со обични клучеви, тоа би можело да биде знак за дополнително внимание.

Вториот знак којшто го истакнал полицаецот се ситните оштетувања на багажникот или на светлата од возилото. Ова е важно затоа што дел од крадците во возилото влегуваат низ багажникот, па присутноста на оштетување би можела да укажува на обид за провала или кражба.

Третиот начин на препознавање на краден автомобил е посветување внимание на регистарските таблички. Полицаецот предупредил дека крадците често ги заменуваат регистарските таблички на украдените возила со таблички од други возила за да ги скријат трагите.


Четвртата трага според овој поранешен полицаец е следна:

„Крадците можат да користат капаци за прозорците или заштитници за сонце на сите прозорци за да ги спречат набљудувачите да видат што има внатре во возилото, односно да се скријат некои незаконски активности“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk