[ВИДЕО] Роналдо се појави во „вселенски брод“ на собирот на репрезентацијата и ги воодушеви сите

Супермен

27/03/2024

11:03

5.960

Големина на фонт

а а а

Кристијано Роналдо се појави во јавноста со најновиот модел „Ferrari Daytona SP3“ вреден 2,3 милиони евра, со што ја зголеми импресивната колекција на суперавтомобили.

За време на репрезентативната пауза, Роналдо пристигнал на собирот со ново „Ferrari“ во кое беше снимен пред хотелот „Four Seasons“, пред да им се придружи на соиграчите.

Видеото е објавено на Инстаграм, а новиот автомобил на Роналдо очекувано привлече големо внимание и многумина во коментари го опишаа како „вселенски брод“. Објавата ѝ се допадна и на неговата девојка Џорџина.

„Ferrari Daytona SP3“ има 840 коњски сили и достигнува максимална брзина од 340 км/ч. Автомобилот исто така може да забрза од 0 до 100 км/ч. за само 2,85 секунди, а новиот модел го има најмоќниот мотор со внатрешно согорување од било кое „Ferrari“.

Португалскиот ас во својата гаража, за која сонуваат сите љубители на автомобили, може да се пофали со супермодели како што се „Ferrari“, „Lamborghini“, „Mercedes“ и „Bugatti“.

Сепак, фудбалерот вчеравечер веројатно не бил толку задоволен со оглед на тоа што неговата репрезентација неочекувано загуби на гостувањето кај Словенија со резултат 2:0.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk