[ФОТО] Планетарната ѕвезда и славниот спортист фатени како разменуваат нежности во вода – страста меѓу нив е сѐ поголема

Супермен

27/03/2024

16:17

6.771

Големина на фонт

а а а

Пејачката Тејлор Свифт и спортистот Тревис Келси побегнале од своите обврски на одмор на Бахамите.

Тие таму биле фотографирани на плажа, додека уживаат, а фатени биле и додека разменуваат жешки бакнежи во водата.

Парот уживал лежејќи на песокот, се прегрнувал, а Тејлор Свифт додека биле во вода во раката држела и освежителен пијалак.


Пејачката носела жолто бикини, а од сонцето се заштитила со очила за сонце. Нејзиното момче, НФЛ ѕвездата, носел сини шорцови.

Еден ден пред романтичните фотографии од плажа, парот бил забележан како шета покрај водата. Свифт неодамна го завршила меѓународниот дел од својата турнеја „Eras“, настапувајќи во Токио, Австралија и Сингапур на почетокот на 2024 година.


Таа ќе продолжи со настапите во мај, почнувајќи од Париз.

Келси ѝ е огромна поддршка на Тејлор во текот на нејзината турнеја, но и таа нему во неговата кариера. Го бодрела на неговите натпревари, а неговиот клуб Канзас Сити Чифс победил трет пат на Супербоул.


Да ве потсетиме, кога парот се вратил во Лос Анџелес се појавила веста дека ја затвориле теретаната на два часа поради нив самите и дека членовите морале да чекаат надвор додека Свифт и Келси не го завршат својот тренинг.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk