Не е ниту сексуално, ниту емотивно – еве кој вид неверство најмногу влијае на врската и бракот

Супермен

28/03/2024

17:16

7.725

Големина на фонт

а а а

За сексуално и емотивно неверство сите сте слушнале, но постои уште еден тип неверство којшто се докажал како уше поопасен од претходно спомнатите.

Станува збор за „финансиско неверство“. Не, не станува збор за крадење пари од партнерот, но не е ни толку далеку од тоа.

Тоа е облик на однесување во врската или бракот којшто се манифестира во неискреност во врска со финансиската ситуација. Поточно, станува збор за претерано трошење и таложење на долгови без знаење на партнерот.


Овој облик на неверство вклучува и финансиски одлуки кои ги носите без консултирање со партнерот и кои имаат негативно влијание на врската или финансиската стабилност на парот.

Бројни ситуации покажале дека финансиското неверство е во голем пораст и дека се случува меѓу паровите во било кое животно доба.

Според едно истражување спроведено во САД, дури 41 отсто од Американците од партнерот ги криеле своите долгови, празни сметки, позајмување пари и штетните навики на трошењето.

Импулсивната тајна на купувањето и непланското трошење се меѓу најчестите финансиски проблеми со кои паровите се сретнуваат.

Кога вистината се крие, доаѓа до тешка повреда на довербата меѓу партнерите, а страната од која се кријат проблемите со причина ќе се чувствува изневерено.


„Тешко е да поверувате дека некој би можел толку да ве лаже и тоа некој за којшто сте мислеле дека го разбирате и дека може да го „прочитате“. Кавгите поврзани со парите потешки се и траат подолго“, вели Меган МекКој, професорка на Универзитет во Канзас која специјализирала финансиска терапија, нов облик на терапија којшто комбинира финансиско и семејно советување.

Потрошувачките навики најчесто стануваат проблем во моментот кога парот се одлучува за некоја голема инвестиција како што е купување нов автомобил или стан, но и во неочекувани кризни ситуации кога парите итно ни се потребни. Токму тогаш се појавуваат тајните на личноста која го криела своето финансиско неверство.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk