Четири грешки при полнење на вашиот мобилен телефон – поради нив може да се зголеми ризикот од оштетување

Супермен

28/03/2024

18:15

7.813

Големина на фонт

а а а

Тешко е да го замислите модерниот живот без телефон. Користењето мобилни телефони стана наше секојдневие, но уредите со текот на времето ослабнуваат и се подложни на поголем дел оштетувања.

За подолг век на траење на телефонот потребно е правилно одржување, а една од најважните работи е да знаеме како правилно да го полниме, како и грешките кои треба да ги избегнуваме.

Оставање на полначот во штекер

Полначот оставен во штекер не само што троши електрична енергија туку е и опасен потег. Трансформаторот ослободува топлина, а со зголемување на топлината може да се предизвика пожар или краток спој на трансформаторот.


Празнење на батеријата до крај, па полнење до 100 отсто

Батериите во телефоните се направени на база на литиум и работат на циклусно полнење. Доколку оставите батеријата да се испразни до крај, полека го уништувате својот уред. Исто така не треба да ја полните батеријата до 100 отсто, а ниту да го оставате вашиот телефон на полнач подолго од тоа. Полнењето до крај всушност го скратува векот на траење поради одреден број на циклусните полнења.

Користење на мобилниот во текот на полнење

Празнењето на батеријата додека телефонот се полни е голем притисок на батеријата. Доколку нешто треба да направите на мобилниот телефон, подобро е да го извадите од полнач, а кога ќе завршите со работата, повторно ставете го на полнач.


Користење разни полначи

Кога ќе купите мобилен телефон, со него најчесто добивате и полнач. Најдобро е секогаш да го користите тој полнач за вашиот телефон. Јачината на полнење е различна кај секој полнач и мобилен телефон, па важно е секогаш да го полните на соодветна јачина. Покрај тоа секогаш е подобро да користите штекер, а не други уреди за полнење како што е на пример лаптопот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk