[ВИДЕО] Британскиот премиер на удар на критики поради патиките кои ги носел на интервју: „Изгледа сега е еден од нас“

Супермен

11/04/2024

17:02

8.330

Големина на фонт

а а а

Британскиот премиер Риши Сунак се најде на удар на критики од тамошната јавност поради патиките кои ги носел за време на едно интервју.

Тој зборувал за фискалната политика и политиката за заштита на децата, но тоа некако останало во втор план поради неговиот моден избор. Имено, тој се одлучил да носи патики „Adidas“ поточно моделот „Samba“.


Голем број граѓани на социјалните мрежи навеле дека премиерот залудно се обидува да им се „додвори“ носејќи патики кои вообичаено ги купува „обичниот“ народ.

„Патики „Samba“. Изгледа сега е еден од нас“, „Неговите патики навистина ми помогнаа ова видео да ми стане лесно разбирливо и да можам да се поистоветам со работите што ги кажа“, гласат дел од коментарите.

По бројните критики, Сунак решил да се огласи и да се обиде да се оправда пред „самба заедницата“, како што тој ја нарекол.

„Во моја одбрана, носам „Adidas Samba“ патики и други модели веќе многу, многу години. Останувам заинтригиран и ме забавува количината на внимание посветено на она што го носам“, нагласил тој.

Тој изјавил и дека брат му одамна за Божиќ му го купил првиот пар „Adidas“ патики, а тој останал верен на овој бренд.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk